Saturday, September 24, 2016

5 идеи за складирање во вашето купатило

Независно дали имате големо или мало купатило, многу е важно да имате идеален простор за складирање. Шамшони и средства за чистење, или крпи по подот не изгледаат секогаш убаво, па се што ви треба е секој производ да си има место во вашето купатило.
Многу е важно сите работи кои ви се потребни да ви бидат при рака. Шампонот за туширање да биде во туш кабината, а крпата за бришење на дофат на рака блиску до туш кабината.
Во овa упатство на Грос Комерц Скопје, ќе разгледаме неколку идеи за складирање на сите производи во вашето купатило. Ќе разгледаме елементи за големи и мали купатила, во разни димензии и дазајни, со ниски цени.

До пред 5-6 години, скоро и ги немаше во Македонија. Денес мебелот за бања е еден од најпопуларните производи за секое купатило. Достапен во димензии од 55см е совршен за секоја големина на купатило, комбинацијата од насаден умивалник на мебел нуди одличен простор за складирање за сите производи за секојдневна употреба.


                                                                     Мебел за бања Genova

Мебелот се изработува во максимална ширина од 95см, и е идеален за поголемите купатила. 

Во секое купатило е потребно огледало. Моделот минимал нуди простор за складирање со полички кој се гледа само со отварање на огледалото. Идеален простор за складирање на лекови или производи кои не сакате да бидат на дофат за деца.


Ширината и длабочината на овој ормар за купатило се 50x26cm, одлично се вклопува во помали купатила каде ви треба заштеда на простор за минување.

3.     Ормар столб
Го препорачуваме за сите купатила, ширината и длабочината на овој ормар се само 35см и се вклопува во секое купатило кое има потреба од дополнителен простро за складирање.


Стаклена аголна поличка, ви дава можност за складирање на шампони и купки во туш кабина или када и нејзината мала димензија заштедува многу простор. Доколку ви е потребно повеќе простор може да направите комбинација од две или три полици и да ги поставите една врз друга.


Единечен и двоен држач со ширина од 60см, изработен од месинг и хромиран финиш, идеален за купатила со повеќе простор.


За помали купатила го препорачуваме прстенастиот држач. Запомнете држачите за крпа секогаш треба да бидат блиску до вашиот мијалник или туш кабина.


Тоа се нашите 5 идеи за складирање во секое купатило, се надеваме дека ви се допадна текстот. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.

Wednesday, August 31, 2016

Како сами да ја поправите арматурата за казанче која постојано тече


Дали сте забележале дека по пуштање на вода во вашата вц школка, водата не престанува да тече? Во овој случај најверојатно имате проблем со арматурата на казанчето, но не очајувајте бидејќи овој проблем се решава многу едноставно.
Грос Комерц Скопје ви дава неколку чекори со кои ќе ја поправите арматурата на вц казанчето.

Моноблок Duru од брендот Turkuaz

1.     Проверете кој дел не е во ред

Првиот чекор кој треба да го превземете е да проверите што не е во ред со казанчето. Подигнете го капакот на казанчето и погледнете внатре, проверете дали може да го лоцирате проблемот. Пуштете вода додека капакот е подигнат и забележете доколку некој дел на арматурата не функционира. Има неколку работи кои може да се причина за блокираната арматур                                                                                                                                                                   
                    

                                                                                   2.    Проверете го нивото на вода во казанчето

Наједноставниот начин за поправка на овој проблем е доколку водата во казанчето се прелива во арматурата. Секое казанче има максимално ниво на полнење кое е обележано на арматурата. Доколку нивото е преминато, со цел  водата да не прелие преку казанчето, арматурата ја прелива вишокот вода во вашата вц школка. Секоја арматура за вц казанче има свој подесувач на вода во облик на пластично цевче и со вртење лево или десно го регулирате нивото на вода кое се влева во вашето казанче. Намалете го нивото на вода се додека не престане да прелива.


3 .     Блокирана арматура на вц казанче

Еден од најчестите проблеми кои се појавуваат поради големо количество на бигор и песок во водата е блокирање на арматурата. За да го решите овој проблем се што треба да направите е рачно да го подигнете пловакот на вашето вц казанче. Доколку на дното забележите песок, или бигор налепен на арматурата би било добро да ја одстраните арматурата и под топла вода да го исплакнете бигорот и песокот. По повторно монтирање на арматурата проблемот би требало да е решен.

Моноблок Bela од брендот Turkuaz
                     
                          
4.     Пуштете вода неколку пати по ред

По пробување на сите чекори вратете го капакот на казанчето. Пуштете вода неколку пати па почекајте неколку минути. Проверете дали по полнење на казанчето водата повторно тече во вашата школка. Доколку сеуште тече мора да замените дел од арматурата или цела. Пловакот на вц казанчето или цевчето можеби се скршени или истрошени.

Се надеваме дека нашата статија ви помогна. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.

Wednesday, August 24, 2016

5 едноставни совети за нов изглед на вашето купатило

Реновирање на старото купатило често значи дека треба да одвоите големи средства и макотрпна работа. Но не мора секогаш да биде така. Грос Комерц Скопје ви дава 5 едноставни совети за како најлесно да му дадете нов изглед на вашиот тоалет.


1.      Заменете ги малите елементи со поголеми

Не ги менувајте постоечките плочки или фитингот (освен доколку се навистина оштетени) и фокусирајте се на малите детали. Заменете ја старата батерија за умивалник (притоа не заборавајте да земете сет со туш батерија). Батериите на GMS нудат голем избор на различен дизајн и квалитет, почнувајќи од покласичен и традиционален до ултра модерен изглед. Покрај батериите, може да ги замените и старата туш слушалка со нова или пак да додадете целосен модерен туш систем кој го има во нашиот салон во сите димензии и форми кои би се вклопиле во вашето купатило.
Менувањето на стариот тоалетен капак со нов, ќе и даде нов изглед на вашата ВЦ школка и ќе ви заштеди средства кои може да ги искористите за другите елементи од вашето купатило.

2.      Искористете дел од старите елементи

Доколку имате рамен умивалник секогаш може да го искористите како елемент во нов мебел за тоалетот, како вграден или надграден на плоча.

3.      Елементи со слична боја

Изгледа очигледно, но коордирањето на боите може да му даде сосема нов изглед на вашиот тоалет. Иноксните сетови затоалет се евтини и во различни форми, а крпите за раце и тоалетните теписи ќе ви помогнат во играњето со боите.



4.      Купете мебел за тоалет

Заменете го стариот умивалник со  мебел за тоалет. Не само што е модерен, туку е и многу практичен. Делот под умивалникот може да се искористи за чување на средства кои не сакате да се гледаат и да пречат во тоалетот. Огледалото вообичаено има шкафче со полици, вградено светло и штекер.


5.      Декорирајте

Последен и можеби најважен чекор во изгледот на вашето купатило е декорацијата. Додадете слики или постери на слободните ѕидови (постер со стари слики од патување може да изгледа многу добро). Врамените фотографии може да го освежат изгледот доколку се поставени блиску една до друга или одвоени и разиграни во просторот. Цвеќе е одличен детал за секое купатило, дава мирен и домашен изглед. Орхидеите се нежни и би се вклопиле во секој тоалет.


Се надеваме дека нашата статија ви помогна. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.

Friday, August 19, 2016

Грос Комерц Скопје ве советува како најлесно да отстраните бигор во вашиот тоалет

Дали вашата светло бела када или туш батерија полека станува валкана? Дали постојано ги чистите без резултати? Најверојатно виновник за постојано валканите елементи е бигорот. Бигор е вода богата со минерали која не е штетна по вашето здравје но во цврста форма е многу тешка за чистење. Детергентите кои ветуваат отрстанување на бигор најчесто содржат киселини кои се штетни за површината која ја чистите. Елементите покриени со бигор не треба да ги менувате со нови, само треба да знаете како најлесно да го одстраните бигорот со неколку природни средства за чистење.
1.     Започнете со мешање на половина вода и половина оцет во спреј шише.
2.     Нанесете ја смесата со шприцање на вашата када или чешма и оставете ја да остои неколку минути.
3.     Поминете со сува крпа по валканата површина.

Наместо оцет, може да употребите и сок од свеж лимон. 


                                                 

                        
Друг начин за отранување на бигорот во вашето купатило е со паста направена од сода биракбона  и оцет. Нанесета паста на површината и оставете да седи 15 минути. Потоа поминете со сува крпа и исплакнете со вода по потреба. Важно е веднаш да ја избришете влажната површина за да не дозволите повторно да се појави бигор.
За тешко достапни површини ве советуваме да употребите четка за заби и паста од сода бикарбона и оцет.
Се надеваме дека нашата статија ви помогна. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.