Saturday, September 24, 2016

5 идеи за складирање во вашето купатило

Независно дали имате големо или мало купатило, многу е важно да имате идеален простор за складирање. Шамшони и средства за чистење, или крпи по подот не изгледаат секогаш убаво, па се што ви треба е секој производ да си има место во вашето купатило.
Многу е важно сите работи кои ви се потребни да ви бидат при рака. Шампонот за туширање да биде во туш кабината, а крпата за бришење на дофат на рака блиску до туш кабината.
Во овa упатство на Грос Комерц Скопје, ќе разгледаме неколку идеи за складирање на сите производи во вашето купатило. Ќе разгледаме елементи за големи и мали купатила, во разни димензии и дазајни, со ниски цени.

До пред 5-6 години, скоро и ги немаше во Македонија. Денес мебелот за бања е еден од најпопуларните производи за секое купатило. Достапен во димензии од 55см е совршен за секоја големина на купатило, комбинацијата од насаден умивалник на мебел нуди одличен простор за складирање за сите производи за секојдневна употреба.


                                                                     Мебел за бања Genova

Мебелот се изработува во максимална ширина од 95см, и е идеален за поголемите купатила. 

Во секое купатило е потребно огледало. Моделот минимал нуди простор за складирање со полички кој се гледа само со отварање на огледалото. Идеален простор за складирање на лекови или производи кои не сакате да бидат на дофат за деца.


Ширината и длабочината на овој ормар за купатило се 50x26cm, одлично се вклопува во помали купатила каде ви треба заштеда на простор за минување.

3.     Ормар столб
Го препорачуваме за сите купатила, ширината и длабочината на овој ормар се само 35см и се вклопува во секое купатило кое има потреба од дополнителен простро за складирање.


Стаклена аголна поличка, ви дава можност за складирање на шампони и купки во туш кабина или када и нејзината мала димензија заштедува многу простор. Доколку ви е потребно повеќе простор може да направите комбинација од две или три полици и да ги поставите една врз друга.


Единечен и двоен држач со ширина од 60см, изработен од месинг и хромиран финиш, идеален за купатила со повеќе простор.


За помали купатила го препорачуваме прстенастиот држач. Запомнете држачите за крпа секогаш треба да бидат блиску до вашиот мијалник или туш кабина.


Тоа се нашите 5 идеи за складирање во секое купатило, се надеваме дека ви се допадна текстот. Лајкувајте и шерувајте на Facebook и ќе продолжиме со објавување на интересни статии и совети.

No comments:

Post a Comment